Кај обиколницата „Мајка Тереза".

Жена почина во тешка сообраќајка, повредени се уште тројца

Сопатничка на мотоцикл вчера почина во тешка сообраќајка што се случи кај обиколницата „Мајка Тереза". Како што соопштуваат од МВР, се работи за жена на возраст од 40 години.

„Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза", во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса" со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки" со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од Трубарево, скопско.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември". Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе