Затворени два угостителски објекти во Гостивар и во Чегране, сопственеиците приведени во полиција

Полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера ги привеле сопствениците на два угостителски објекти во Гостивар и во гостиварско Чегране, бидејќи локалите работеле после 18 часот и во нив имало гости.

Синоќа, околу 22.15 часот, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

Исто така вчера, во 19.45часот, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.З.(65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалаци. Д.З. е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, додека објектот времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе