Затворен ресторан во Кичево за непочитување на мерките за заштита од ковид-19

Вчера од 19 до 22 часот, полициски службеници од Кичево, заедно со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

При контролата било констатирано дека угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе