Запленета дрога, муниција и откриена лабораторија за производство на канабис: Претреси на територијата на цела држава

Денеска Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со единиците за недозволена трговија со дрога и оружје на подрачјата на сите сектори и одделенија за внатрешни работи во државата презеде координирани активности за сузбивање на продажба на наркотична дрога, улично дилерство и недозволена трговија со оружје, во кои се приведени над 20 улични дилери од повеќе градови.

При претреси извршени во домови и други простории на над 20 локации во државата беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал, a на подрачјето на ОВР Гевгелија беше пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис.

По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе