Заканата од лице од Арачиново била кон новинари од Нетпрес

Во врска со денешното соопштение од МВР во кое е наведено дека е приведено лице од Арачиново кое по електронска пошта упатило закани кон вработени од една агенција - портал, во кое не беше наведено за кој портал се работи, потврда дојде од уредник на Нетпрес.мк за МКД.мк во која се вели дека заканите биле упатени кон нив во врска со новинарски текст.

Порталот завчера објави вест во која се вели дека порака со елементи на закана добила редакцијата на Нетпрес на својата официјална фејсбук страница, а според содржината се претпоставувало дека станува збор за реакција во врска со информацијата за инцидент во скопско Арачиново.

Нетпрес напиша дека во пораката од профилот на извесен Шенол Маслани, пишува 'за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат... немојте да претерате со лажни вести.. оние си побегнале, а вие кај ќе се криете".

Заканата освен во МВР, била пријавена и во ЗНМ и во амбасадите во Скопје.

Инаку, според МВР, лицето од Арачиново го признало делото и се вели дека се презема натамошна постапка за случајот.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе