Денес во 00.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен З.М.(54) од с.Возарци.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите вчера околу 22.30 часот, на локалниот пат за с.Раец, кај местото викано ,,Стар магацин-Илиница" каде што, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.