Детали за несреќата

Загина малолетник во сообраќајка во Козле, се возел со мотоцикл

Вчера нешто пред 21 часот во тешка сообраќајна несреќа во Козле загина малолетно момче. Според МВР во несреќата учествувале два автомобили и мотоцикл кој го управувал сега починатиот малолетник. Телото е предадено на обдукција, а на местото бил извршен увид и се утврдуваат причините за сообраќајката. 

„На 05.12.2022 околу 20.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козле" во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен" со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер" со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда" со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе