Како што соопштија од МВР, при извршена проверка во товарно возило „цитроен џампер", со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А., во кое совозач бил А.Д., биле пронајдени 24 лица мигранти, 12 од Пакистан, по пет од Сирија и од Индија и две од Авганистан.
Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Виноjуг" Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.