Повикувајќи се на италијанската полиција, Топ чанел пренесува дека од запленетите 680 килограми хашиш и марихуана, дури 600 килограми биле откриени во камион натоварен со струготини, со кој управувале македонските државјани. Кај едниот од нив пронашле и пиштол „магнум“ наполнет со куршуми.
Останатите 80 килограми се откриени во автомобил, подготвен за транспорт, во кој биле двајца албански државјани, кои исто така се уапсени.
Се наведува дека четворицата живееле меѓу Алесандрино и Асти, а постојат основи на сомнение дека дрогата е прошверцувана од Албанија.