За шест месеци во Скопје се приведени 210 криминалци

По наредби на суд, обвинителство и казнено поправни установи, предмет на потрага биле лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор, лица под истрага и со определена мерка притвор, лица оддалечени или лица кои изгебагале од казнено-поправни установи, при што во првите шест месеци од годинава приведени се 210 криминалци на територијата на Скопје, соопшти МВР.

Приведените 210 лица се осудени на вкупна казна затвор од 322 години и 9 месеци, а за доиздржување уште 228 години и 4 месеци.

„Од страна на СВР Скопје изготвен е План за оперативна акција ‘Кафез‘, во кој е вклучен Оперативен тим – Потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ – КПД на територија на Република Северна Македонија и лица предмет на потрага на Интерпол. Од страна на Оперативниот тим – Потраги лишени се 72 лица за издржување на вкупна казна затвор од 178 години и 7 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 129 години и 5 месеци затвор. Споредбено со податоците од првите шест месеци од 2021 година ефикасноста е зголемена за 101%“, велат од МВР.

Од страна на останатите организационите единици во рамки на СВР Скопје се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица, при што приведени се 138 лица за издржување на вкупна казна затвор од 144 години и 2 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 98 години и 11 месеци.

 

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе