За пет часа во Битола и Прилеп казнети 90 мотоциклисти

За време на полициска акциска контрола на територијата на Битола и Прилеп казнети се 90 мотоциклисти. Казни се изречени и за алкохолизирани возачи на автомобили.

МВР информира дека сообраќајната полиција синоќа, во периодот од 18 до 23 часот, спровел акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола.

„За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола“, велат од МВР.

Исто така, во периодот од 23 до 2 часот по полноќ на подрачјето на Битола била спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол, при што казни им се изречени на пет возачи.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе