Вработени во фабрика за канабис во Кочанско нелегално продавале марихуана

Три лица се приведени, а запленети се и над шест килограми марихуана произведена во фабрика за канабис во село Уларци, Кочанско која неовластено била изнесена од фабриката за продажба на илегалниот пазар.

Според МВР, во акцијата на полицијата биле лишени од слобода Д.Б.(41) од село Другово, Кичевско, Г.П.(31) од Скопје и А.А.(31) од Кочани сите вработени во фабриката за канабис поради основано сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и продажба на дрога.

„Во координирана акција во Кочани и во трговски центар во Скопје Д.Б. бил затекнат при продажба на шесте килограми дрога и бил лишен од слобода. По претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Кочани и претставници од Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерство за здравство, извршен е претрес во правниот субјект во с.Уларци, кочанско, при што се лишени од слобода и Г.П. и А.А.“, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата појаснуваат дека во текот на истрагата било утврдено дека Д.Б. заедно со Г.П. во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 преземале низа дејствија со цел неовластено производство на марихуана во објектот, со намера неовластено ја продадат и да се стекнат со противправна имотна корист, додека А.А., вработен како обезбедување во објектот, помогнал во извршување на кривичното дело на начин што преземал дејствија спротивни на законските норми за обезбедување на објекти за производство на марихуана за медицински цели согласно Законот за контрола на опојни дроги.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе