Возило излета на автопатот Тетово-Гостивар, повредено едно лице

Денеска, на автопатот Тетово-Гостивар околу 19 часот, излетало возило од коловозната лента при што тешко е повреден жител на Жетовјане.

Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб.

„Патничко моторно возило „фолксфаген голф" со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од Жеровјане изгубило контрола и излетало од коловоз. Во несреќата, возачот И.А., кој бил сам во возилото, здобил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Пожарникари од Тетово биле повикани за да се извлече повредениот од возилото.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе