Возел со 239 км на час како на ноќна трка

МВР утрово сподели фотографија направена со еден од новите т..н. ноќни радари, на која се гледа како сообраќајната полиција регистрира возило кое се движи со 239 километри на час. Фотографијата е направена синоќа, кога полицијата спроведувала засилена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 133 возачи.

Од казнетите возачи, 12 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што информираат од МВР, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе