Возач на „опел корса“ тешко повредил 86-годишен пешак во Скопје

Прегазениот 86-годишник добил тешки телесни повреди.

Вчера во 14:14 часот било пријавено дека на бул. „Никола Карев” пред клучката „Детелинка”, патничко моторно возило „опел корса” со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Џ. (28) од Скопје удрило во К.М. (86) од Скопје.

Во несреќата К.М. добил тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе