Во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени седум лица

Во периодот од 21.30 часот синоќа до 03.00 часот утрово полицијата извршила контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила, при што кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази. Сите седуммина биле лишени од слобода.

„Кај М.Ѓ.(33) и кај Д.Д.(31) била пронајдена марихуана, кај К.Т.(33) и кај Е.И.(24) била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.И.(48) била пронајдена ‘екстази‘, кај И.С.(24) кокаин, кај С.С.(25) биле пронајдени бела прашкаста материја и дигитална вага. По извршените проверки било утврдено дека Д.Д. бил баран по потерница од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе