Во три сообраќајни несреќи загина еден возач, неколку лица се повредени

Вчера попладнето на автопатот Куманово - Скопје, во близина на клучка Хиподром загина Д.Ѓ., кој управувајќи возило „фиат фиорино" со скопски  регистарски ознаки, излетал од патот.  Смртта била констатирана од екипа од Итна медицинска помош, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител. Тешки сообраќајни несреќи се случија во Скопје и кај Струмица.

Синоќа во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат во селото.Добрашинци, струмичко, патничко возило „фолксваген голф", со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од селото.Ангелци, струмичко, излетало надвор од коловозот.

„Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците В.Н.(20) и С.Н.(19), двајцата од селото Градошорци, струмичко, а со телесни повреди се здобиле М.С.(19) од селото Ангелци и возачот А.Д., констатирани во Општата болница во Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица“, информира МВР.

Малку пред 2 часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Војвода Васил Чакаларов", патничко возило „рено", со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(58) од Скопје, излетало од коловозот.

„По несреќата Љ.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза", каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе