Во тетовско Селце син ја уби мајка си

Во Тетовското село Селце 45 - годишен маж ја уби својата мајка. Според полицијата, убиството е извршено со удар со остар предмет во дворот од семејната куќа.

„Полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил Н.Д. неговата 73-годишна мајка.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција, информира портпаролот на СВР Тетово“, Марјан Јосифоски.

Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе