Во сообраќајни несреќи едно лице загина, неколкумина се тешко повредени

Малку по полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид патничко возило „фолксваген голф", со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од селотоЗајас, излетало од коловозот. А.А. починал на местото на несреќата, а лекар од Медицински центар Кичево констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево. Во неколку други сообраќајни несреќи тешко се повредени неколку лица.

Фото: Илустрација

Вчера на крстосница од улицата „1" во селото Кучевиште, скопско и локален пат кон манастир, мопед „јијинг", со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(31) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на коловозот. Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски", информира МВР.

На регионалниот пат Скопје-Тетово во селото Желино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло", управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф", управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф" се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Како што информиа МВР увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе