Во скопско Љуботен откриена нелегална импровизирана работилница и запленет над еден тон тутун, сопственикот е приведен

Полицијата во скопско Љуботен открила нелегална импровизирана работилница со машина за производство на режан тутун и над еден тон тутун. Тутунот и сите пронајдени предмети се одземени, а сопственикот на куќата е приведен, информира МВР.

„Синоќа на подрачјето на Чаир полициски службеници од Одделот за криминалстичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Ќ.(31) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘даночно затајување‘. Во заедничка акција со Царинска управа на Република Северна Македонија за недозволено производство и продажба на режан тутун на подрачјето на Скопје, при извршена контрола на патничко возило ‘ауди А4 караван‘, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ќ. и при претрес во неговата куќа во с.Љуботен, извршен со судска наредба, биле пронајдени 750 пакувања со режан тутун, со вкупна тежина од околу 224 килограми, како и 865 килограми тутун во лист, машина за производство на режан тутун, поголема количина на амбалажа за пакување тутун со различни натписи од повеќе видови тутун, ваги за мерење, опрема и картонски кутии за пакување на тутун. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во соопштението од МВР.  

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе