Продолжуваат засилените контроли на полицијата

Во Скопје вчера МВР казни 325 несовесни возачи, најмногу пак за брзо возење

Министерството за внатрешни работи информираше дека и во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции. 

Меѓу нив за возење без возачка дозвола казнети се 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 128 прекршоци, откриени се технички неисправни и нерегистрирани 11 возила, казнети се 9 мотоциклисти, изречени се 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152).

Од МВР информираа дека во Скопје изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе