МВР

Во Скопје вчера казнети 26 возачи кои управувале автомобил без дозвола

Во текот на вчерашниот ден, само на на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР соопштија дека при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак" службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе