Во Скопје вчера фатени 39 пијани возачи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје се изречени вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе