Во Скопје приведени непријавени 97 странски државјани

олициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу булеварот „Кирил и Методиј“ и улицата „Јордан Мијалков“ поради сомневање дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така, како што посочија од МВР, соодветни пријави ќе бидат поднесени и против фирмата како и против 15 други фирми-подизведувачи.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе