Исто така, изречени се две мерки за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење на сигурносен појас, осум за користење на мобилен телефон, три за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли, како и 48 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.