Во Скопје казнети 93 брзи и 30 пијани возачи

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 217 мерки, меѓу кои 93 за возење повеќе од дозволената брзина, 30 за возење под дејство на алкохол и 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три за поминување на затворен сигнал (црвено светло), шест за прекршоци што ги прават пешаците, како и пет мерки за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе