Во Скопје казнети 44 пешаци

Полицијата во Скопје, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера изрече вкупно 180 мерки, меѓу кои 12 за возење повеќе од дозволената брзина, 44 за прекршоци што ги прават пешаците и 12 за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за возење под дејство на алкохол, девет за недавање првенство на минување на пешаци, како и шест за некористење сигурносен појас.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе