Во Скопје казнети 43 брзи возачи

Полицијата во Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера изрече вкупно 191 мерка, од кои 43 за за возење повеќе од дозволената брзина, 39 за прекршоци што ги прават пешаците, 16 за возење без возачка дозвола и 16 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, седум за возач почетник, четири за некористење сигурносен појас, како и три казни за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе