Во Скопје казнети 43 брзи возачи

Полицијата во Скопје, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера изрече вкупно 164 мерки, од кои 43 за возење повеќе од дозволената брзина, 17 за возење без возачка дозвола и девет за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се и 16 мерки за користење мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, како и шест за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе