Во Скопје казнети 216 возачи, 45 возеле брзо, 41 под дејство на алкохол

Вкупно 216 мерки се изречени вчера во Скопје во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, а од нив 45 се за возење повеќе од дозволената брзина, 41 мерка за возење под дејство на алкохол, а 30 санкции за возење без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 14 мерки за возач почетник, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, како и четири мерки за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе