Во Скопје изречени 143 мерки за непочитување на сообраќајните правила

На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР, информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе