Во Скопје 50 лица добија казни од по 2.000 евра за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 50 лица кои го сториле  кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно не се придржувале кон одлуките за забрана и посебен режим на движење на населението на територијата на државата, донесени од Владата.

Надлежен јавен обвинител предложи за 49-мина од обвинетите да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност. За еден обвинет предложена е парична казна во вкупна висина од 2.500 евра, бидејќи лицето се товари дека сторило продолжено кривично дело согласно член 45 од Кривичниот законик, односно полицискиот час го прекршил во повеќе наврати.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе