„На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 18 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 14 санкции за возење повеќе од дозволеното, 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник“, информира МВР.
Во текот на вчерашниот ден пак, на улиците и патиштата низ Македонија за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 141 возач.
„Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 49 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место“, велат од МВР и предупредуваат дека продолжуваат со секојдневните акциски сообраќајни контроли.