Во пожар настрада старец, синовите со изгореници однесени во болница

Вчеравечер во пожар во семејната куќа настрада 78-годишен старец, додека неговите синови со изгореници се однесени во болница.

Околу 22 часот во село Локвица-Македонски Брод, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на С.С. (78).

Во пожарот С.С. починал, додека неговите синови Л.С. (50) и Т.С. (48) се здобиле со изгореници и биле пренесени во Медицински центар-Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност.

Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица-Македондки Брод. Увид ќе се врши во текот на денот.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе