Во Ново Лисиче утрово гореа автомобили на паркинг

Во скопската населба Ново Лисиче, утрово на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот, а некои и си ги преместуваа своите возила, за да не ги зафати огнот и нив.

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот.

МВР ја потврди информација и соопшти дека во 09.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени  две патнички моторни возила “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема.

Се работи на расчистување на случајот.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе