Во Липково откриени 52 илегални мигранти

Во атарот на село Лојане, општина Липково, кај местото викано „Шорта", изутрината околу 6:30 часот, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени 52 илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце. Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје, а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата. Тие се предадени во СВР Куманово.

МВР дополнува дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе