Во Куманово гореше БМВ

Автомобил „БМВ“ бил опожарен вчера, а пожарот го гасела противпожарна единица, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи, Куманово.

Според информациите на Центарот, територијалната противпожарна единица интервенирала на опожарен автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

СВР Куманово ја потврди информацијата и информираше дека во 04:50 часот во СВР Куманово од Противпожарната единица Куманово е пријавено дека на булеварот во Куманово, во близина на угостителски објект, било опожарено паркирано возило.

„Патничко моторно возило БМВ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. (30) од Куманово, а кое било паркирано од М.И. (21) од Куманово. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти полицијата.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе