Во куќа најдена марихуана

Полициски службеници лишија од слобода лице од селото Старо Балдовци, Општина Босилово, откако кај него биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска околу 07:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(21) од Штип, со живеалиште во село Старо Балдовци, Општина Босилово. При претрес во неговото живеалиште, извршено со судска наредба, во дворот и внатре во куќата биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети“, посочуваат од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе