ВО ГОСТИВАРСКО

Во куќа и викендичка пронајдени 154 килограми марихуана

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против лицата Б.О. (49) и Б.Б. (30), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Како што информираа од МВР од страна на полициски службеници извршен бил претрес во куќата и помошните простории во Гостивар, како и во викенд куќа во село Леуново, од каде само пријавениот Б.О. и друго лице имале клуч. Притоа била пронајдена 153.980,9 грама марихуана, 73,91 грама кокаин и пирацетам ,медикамент кој се применува за мешање со кокаин и за зголемување на масата на дрогата.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе