Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера го лишиле од слобода кочанчанецот Е.Д.(45) откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана.
„Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава", информираат од полицијата.
Полициски службеници вчера го лишиле од слобода и К.А.(33) од Кочани откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
„Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава", известуваат од МВР.