Во Кичево нападнати полицајци

Во ОВР Кичево денеска се лишени од слобода А.М.(38) и П.М.(38) двајцата од кичевското село Лазоровци. Тие на улицата „11-ти Септември“ во Кичево, најнапред вербално, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Двајцата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот во ОВР – Кичево, Стефан Димоски.

Димоски додаде дека денес рано изутрина околу 2 часот во ОВР-Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на улица „11-Септември" во Кичево, била истурена и запалена течност, но за среќа не настанал пожар.

ОВР-Кичево презема мерки за расчистување на случајот.

Портпаролот Димоски потсети дека вчера во ОВР-Кичево приведена е и лишена од слобода А.И.(49) од градот.Таа околу 13 часот на улица „11-ти Септември" го нарушила јавниот ред и мир и со метален предмет ја нападнала Л.А.(34)од Кичево.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе