МВР информира

Во кафеана во Миравци невакцинирани гости, вработените без маски

Синоќа пред полноќ полиција влегла во кафеана во селото Миравци и затекнала гости кои немале сертификат за примена вакцина против ковид-19 или потврда за скорешна прележаност на болеста, гостите биле послужувани од вработени кои не носеле маски на лицата, а во кафеаната немало дезинфекциски средства.

Во соопштението на МВР се вели дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од ковид-19.

Утврдено било дека немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице - редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

„Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за 'Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија' по член 206 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението..

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе