Во Гостивар полицаец и неговиот татко обвинети за насилство

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвинителен предлог против татко и син кои се сомничат за кривично дело „насилство".

„Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на Македонија.

Против синот, кој е полициски службеник, доставен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, а за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе