Пет минути по полноќ полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат село Удово - Дeмир Капија го привеле Ј.Л. (23) од селото Крушопек, кој во патничко моторно возило „голф" превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија, информира МВР.
Полицијата го известила јавниот обвинител и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.