Во Центар фатен бегалец баран со потерница

На подрачјето на Центар во Скопје, вчера во 12.50 часот полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.П.(42) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука" казниво по член 377 од Кривичниот законик.

Од МВР информираа дека лицето било предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе