Возел камион со 2,13 промили алкохол во крвта, полициска контрола во Битола

Утрово во Битола по спроведената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол, казнети се шест возачи. Полицијата со медиумите сподели фотографија направена од екранот на апаратот „дрегер“ на која се гледа дека еден од возачите бил многу пијан, апаратот покажал 2,13 промили алкохол.

Како што информираа од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе