Вкупно 213 санкции за возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа, санкционирани се 213 возачи, од кои 140 на територијата на Скопје, 23 на територија на СВР Тетово, 17 на територија на СВР Битола, 14 на територија на СВР Велес... При акциската контрола санкционирани се и 239 останати сообраќајни прекршоци.

„Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, упатуваме апел и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Наша заедничка обврска е, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од МВР. 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе