Во Велес вчера во 17.00 часот на ул.„Благој Ѓорев" полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Л.(33) од Велес. А.Л. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Како што денеска информираа од МВР, тој се сомничи дека околу 16.50 часот извршил „тешка кражба" од патничко моторно возило „тојота корола", со велешки регистарски ознаки.