Вчера фатени 26 пијани возачи во Тетовскo

Синоќа од 21 до 3 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол.

Фото: МИА

При контролата, констатирани и законски санкционирани се 26 возачи.

Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Тетово, 16, а на подрачјето на Гостивар - 10. За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитувaaт сообраќајните правила и прописи за заеднички да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Легенда под Главна слика

Фото: МИА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе