Според пријавата вчера во 18.20 часот во Полициската станица Аеродром, А.Л.(34) од Скопје пријавил дека на улица „23-ти октомври" бил каснат од куче скитник.
Втората пријава е добиена во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба. Б.П.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ќерамидница бил каснат од куче скитник.
Вчера во 13.50 часот во Полициската станица Петровец, Б.К.(32) од Скопје пријавила дека на подрачјето на населба Илинден нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
За агресивните кучиња во Сопиште граѓаните побарале помош од надлежните, но не добиле одговори.
„Пред неколку месеци дел од овие кучиња беа мали оставени во пакети, а сега пораснале и се големи и агресивни и напаѓаат.", вели жител на улицата со број 37 во ова место каде се наоѓаат уличните кучиња.
Жителите пријавувале во општина Кисела Вода, но од таму добиле одговор дека не се надлежни. Се обратиле и до Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка", но и од таму добиле одговор дека и тие не се надлежни.